Breaking News

Јапонија на пријателските земји им нуди финансиска поддршка за зајакнување на нивната одбрана


Јапонија денеска соопшти дека планира да им понуди на пријателски земји финансиска поддршка за зајакнување на нивната одбрана, како прво недвосмислено отстапување на Токио од правилата со кои се забранува меѓународна помош за воени цели.


Јапонската безбедносна помош (ОСА) ќе се спроведува одделно од програмата за развојна помош, од која со децении се финансираат патишта, брани и други цивилни инфраструктурни проекти, изјави генералниот секретар на Владата Хироказу Мацуно.


Помошта нема да се користи за купување смртоносно оружје што земјите приматели би можеле да го користат во конфликти со други земји, во согласност со трите принципи кои го регулираат извозот на оружје.

Се очекува конкретни проекти да опфатат сателитски комуникациски и радио системи за поморски надзор, а во тек се подготовките за комплетирање на првата транша од помошта оваа фискална година, соопшти МНР на Јапонија.


Филипините и Бангладеш најверојатно ќе бидат првите приматели на оваа помош, изјави владин извор вклучен во разговорите. јт/зш/

Фото: Твитер на МНР на Јапонија