Breaking News

Извлечен е првиот „Гранд милионер“ за оваа година


Гранд Кафе веќе ја започна својата наградна игра наречена „Стани Гранд милионер”. Првиот Гранд милионер е веќе извлечен, а веќе на 6 ноември сите љубители на добро кафе кои испратиле код ќе учествуваат во второто извлекување, каде што еден од нив ќе стане вториот Гранд милионер за оваа година.


Право на учество имаат сите кои купиле 200-грамско пакување од кафињата Гранд Голд, Арома или Стронг и го испратиле кодот втиснат на внатрешната страна од пакувањето преку официјалната веб-страна, по СМС на бројот 149 491 или преку Viber профилот на Гранд кафе.


На првото доделување на 6 октомври, наградата од 1 милион денари ѝ припадна на изненадената Ивона од Скопје, која доби телефонски повик од водителот на Гранд извлекувањето во живо и на тој начин ѝ беше соопштена радосната вест. Во студиото заедно со водителите беше и една од минатогодишните добитнички на милион денари, како и среќната добитничка на неделна награда, која доби ваучер за патување.

Настанот во целост може да го проследите преку видео на Facebook страната на Гранд кафе:


https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=340649535103551

Уште двајца ентузијасти и вљубеници во кафето ќе добијат по еден милион денари што ќе се доделат на 6 ноември и 6 декември. Секојдневно, пак, ќе има и дневни награди со ексклузивни пакети на Гранд кафе, а секоја среда ќе се извлекува и по еден добитник на неделна награда.


Сите оние што го сакаат вкусот на Гранд кафе имаат шанса и понатаму да се пријавуваат и да ги добијат главните награди од по еден милион денари што ќе се доделат во наредниот период.

Купувајте кафе, испраќајте кодови се гледаме во наредниот пренос во живо од извлекувањето на новиот Гранд милионер, на 6 ноември!