Breaking News

Извлечен е последниот Гранд милионер за оваа година


Успешно заврши уште едно издание на наградната игра „Стани Гранд милионер“, со извлекување на третиот добитник на главна награда од 1 милион денари. И оваа година, Гранд кафе подготви вредни награди за своите најверни потрошувачи, од кои тројца имаа среќа да станат новите Гранд милионери.


Во последното извлекување од наградната игра „Стани Гранд милионер“ беше извлечен и третиот Гранд милионер за оваа година, кој овие празници ќе има точно еден милион причини за среќа.


Омилениот мирис и вкус на кафе традиционално ги наградува своите верни потрошувачи. Веќе трета година по ред Grand kafa ја организира наградната игра во која секој месец извлекува по еден добитник на 1 милион денари. Покрај тоа, Grand доделуваше и вредни дневни и неделни награди кои ги израдуваа потрошувачите.
Последното извлекување се одржа на 6 декември, а истото можеше да се проследи преку веб страната на наградната игра. Покрај трите главни парични награди од 1 милион денари, Grand kafa награди повеќе среќни потрошувачи со вредни дневни и неделни награди. Сите добитници од извлекувањата на „Стани Гранд милионер“ за 2023 година можете да ги видите на: https://grandmilioner.grandkafa.mk/dobitnici

Низ годините луѓето од овие простори стекнаа навика на купување Гранд кафе – делумно поради тоа што се работи за кафе произведено во Македонија кое е лесно достапно локално, но уште повеќе поради неговиот незаменлив вкус, кој го направи прв избор кај толку многу домаќинства во регионот.


Големи честитки за милионерите кои покажаа дека пиењето на омиленото кафе се исплати повеќе од било кога. И во годините кои следуваат, Гранд кафе останува заедно со вас и ќе продолжи да биде вашата омилена навика и причина за радост. И мирис и вкус!