Breaking News

Изминатото деноноќие произведени се 17.091 мегават час електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведе 17.091 мегават час електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.


Притоа, како што посочуваат, во термоелектраните произведени се 13.016 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.075 мегават часови електрична енергија. дма/са/