Breaking News

Изминатото деноноќие произведени 19.629 MWh, немало увоз на електрична енергија од странство


АД ЕСМ вчера произведe 19.629 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.


Како што информира денеска владината прес-служба, во термоелектраните произведени се 16.679 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.950 MWh.


Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набавило електрична енергија од странство. сст/аа/