Breaking News

Изминатото деноноќие произведени 18.543 мегават часа електрична енергија, продадени ноќни вишоци


АД ЕСМ вчера произведе 18.543 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.


Во Термоелектраните произведени се 15.589 мегават часа, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.954 мегават часа.


-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 мегават часа ноќни вишоци електрична енергија, информираат од Владата. аа/