Breaking News

Изминатото деноноќие произведени 17.050 мегават часови електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведe 17.050 мегават часови електрична енергија, информираат од Владата.


Произведената електрична енергија, како што е наведено во соопштението, е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.


-Во термоелектраните произведени се 10.677 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.373 мегават часови електрична енергија, се додава во соопштението. дма/са/

Фото:Влада


Скопје, 13 март 2023 (МИА)