АД ЕСМ вчера произведe 11.283 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата.
Струјата е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални држави субјекти.
Според Владата, во термоелектраните произведени се 5.097 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.186 мегават часови електрична енергија.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.680 мегават часови електрична енергија. дма/цр/
Фото: Влада