Breaking News

Изложба на минијатури на Валентина Илијевска


Самостојна изложба на минијатури на Валентина Илијевска вечер ќе биде отворена во Галеријата „КО-РА“, во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.


Изложбата е по повод Светскиот ден на уметноста – 15 Април. Изложбата е поддржана од Град Скопје и од Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје во рамки на годишната програма за визуелни уметности, дизајн и архитектура.


Валентина Илијевска е реставратор и конзерватор, активно ангажирана во бројни проекти, а од 2014 година работи на црковните објекти во Кумановско-осоговска епархија, како конзерватор и реставратор, во Одделот за заштита на културното наследство.

Средно образование завршила во ДСУПУ „Лазар Личеноски“- Скопје, а дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Во 2014 година магистрира на конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во класата на проф. Благоја Кузмановски. Учествувала на неколку групни изложби и ликовни работилници. Добитничка е на неколку награди, признанија и дипломи. мд/са/


Фото: Галерија „КО-РА“

Скопје, 14 април 2023 (МИА)