Breaking News

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“


Kлубска изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“ ќе биде поставена денеска во Рудиќ Галерија.


„ЕЛЕМА 2023“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема. Како прва годишна клубска изложба ги најавува идните активности на клубот кои ќе бидат претставени во периодот што следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата.


Ќе бидат изложени фотографии на македонските автори: Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски и Боро Рудиќ.свс/лв/

Фото: Боро Рудиќ


Скопје, 11 април 2023 (МИА)