Breaking News

Интервју со Никола Линин: Во Пантелеон ГС, давање приоритет на благосостојбата и професионалниот раст на нашите вработени е основна цел


Акумулираното искуство од европскиот, но и американскиот пазар не става во можност да креираме додатна вредност за клиентите – Никола Линин, Директор за управување со ризици во Пантелеон ГС


 Македонската компанија Пантелеон ГС обединува голем број на успешни и талентирани млади луѓе кои од земјава работат за американскиот пазар Станува збор за високо профилирани и професионални кадри, кои работат на софистицирани проекти со високо додадена вредност. Овде талентирани индивидуи развиваат софтверски решенија, управуваат со ризици, даваат осигурителни, финансиски, менаџмент услуги за компании на американскиот пазар. Компанијата нуди разновидни аутсорсинг услуги за реномирани американски компании од различни дејности. Еден од нив е Никола Линин, Директор за управување со ризици, кој успешната кариера во банка, реши да ја продолжи во оваа просперитетна македонска компанија, и да го прифати предизвикот да работи за компании на американскиот пазар.


После  долгогодишна кариера во банка на различни работни позиции, а последно како менаџер за управување со ризици, кариерата ја продолжувате во Пантелеон ГС, со што добивате можност за работа на американскиот пазар. Кој беше мотивот да го прифатите овој предизвик?

Одлуката за промена работно место во рамки на една иста институција не е ни малку лесна, а особено поголема е промената од една во друга компанија, кои по многу работи се разликуваат. По природа сум човек кој сака предизвици, во Шпаркасе Банка работев од самиот почеток на мојата кариера и имав прилика да се соочам со разни ситуации, особено последните неколку години почнувајќи од ковид пандемијата, период на интеграција на две банки, проекти за дигитализација и автоматизација и сл. па токму повикот од Пантелеон ГС дојде како еден сосема поинаков екстерен предизвик. Македонските работодавачи, особено оние кои оперираат во банкарскиот сектор, веќе подолго време имаат традиционален пристап кон човечките ресурси, за разлика од нив, компаниите како што е Пантелеон ГС нудат една поинаква приказна и пат за своите вработени кои што наликуваат на големите светски мултинационални компании,  што само по себе го поцизиционира како препознатлив бренд и атрактивен работодавач кој привлекува млади професионалци, но и  од друга страна, започнувањето на едно ново поглавје во мојата кариера, малку поразлично од досегашното, секако и комбинацијата со работа на пазар кој што е динамичен и комплексен како што е американскиот, претставува една прилика за надоградување на моите способности и експертиза, што на одреден начин, само по себе е голем предизвик за мене.


 Од процена на ризик за компании кои работат за локалниот и за европскиот пазар , одеднаш проценувате ризик на интернацинално ниво, Одговорноста е поголема, но и можноста да покажете поголема експертиза. Кое е вашето мислење?

Процена на ризикот е само една алка од синџирот на активности во процесот на управување со ризиците, кој покрај процена, претставува сет на комплексни активности која опфаќа препознавање на ризиците, нивно анализирање, следење, превенција и претворање во конкуретна предност. Секоја компанија без разлика на дејноста во која оперира, во својата визија и мисија мора да има дел посветен на стратешко управување со ризиците. Без разлика дали се работи за американскиот или европскиот пазар, користиме слична методологија и принципи за управувување и проценка на ризиците, разликата од останатите компании од сличен тип е тоа што ние во Пантелеон ГС имаме одличен тим кој на своите клиенти им нуди комбинирана експертиза од областа на ризиците која претставува спој на Know How и искуство акумулирано од  европскиот, но пред се американскиот пазар и преку оваа комбинација сме во можност да креираме додатна вредност за нив. Aмериканската економија, воедно и американскиот пазар се уникатни по својата структура, големина, динамика и се издвојуваат од сите останати развиени земји и земји во развој. За соодветно и ефикасно следење на разиците, наша цел е да сме во тек и да ги анализираме макроекономските показатели, пазарите на капитал, движењето на цените на нафтата, курсот на доларот и сите актуелни случувања на светско ниво кои ги афектираат бизнисите и економијата. Во изминатитот период,  нашиот фокус во континуитет е на инфлаторните движења и гео-политичките случувања. Инфлацијата стана проблем со кој се борат сите влади и централните банки низ светот преку достапните монетарни и фискални инструменти, особено преку непопуларните мерки на зголемување на каматните стапки кои директно влијаат врз бизнисите, а особено во САД  чија економија важи за потрошувачка економија од високи размери на светско ниво. Покрај тоа, целата ситуација дополнително се искомплциира со започнување на воените дејствија на блискиот исток, а на крајот, нашата задача е будно да ги следиме случувањата во светот и САД и адекватно да ги советуваме нашите клиенти.


 Што всушност работи еден менаџер за т.н. risk management?


Одлично прашање! Драго ми е што го поставивте, бидејќи до сега не сум ги пренел јавно на овој начин сите активности со кои се соочуваме, и за кои е одговорноста во рамките на risk management. Секој risk manager треба да управува со разни типови на ризици, како штo се финансиски ризик, стратегиски ризик, правен ризик, оперативен ризик, репутациски ризик итн. Суштински, од аспект на strategic risk management, управувањето со ризиците е комплексен процес кој вклучува идентификација, анализирање, следење, митигација на настани и активности (интерни или екстерни) кои може да влијаат на финансиските резултати и кои директно влијаат врз креирањето на стратегијата и целите на компанијата. Покрај тоа, во рамки на одговорностите на еден  risk manager e поставување и следење на т.н. key risk indicators преку кои се следи и се анализираат клучните параметри на компанијата.  Аналогно на тоа потребно е дефинирање на праг на овие индикатори (RA – risk appetite and RT- risk tolerance) кои компанијата е спремна да ги прифати за остварување на своите цели. За крај, можеби најмалку популарно, но сепак од исклучителна важност е поставување на соодветен систем на известување на месечно, квартално, полугодишно и годишно ниво преку разни извештаи низ кои се следат перформансите и се анализира работењето, воедно и од нив се црпат информации и заклучоци кои влијаат врз креирањето на стратегијата на компанијата. Во кратки црти, ова е  суштината и основите на risk management, односно обврските и одговорносите кои секој risk manager ги има.

Пантелеон ГС е македонска компанија која се грижи за своите вработени, и која има дава слобода и можност да ја изразат својата креативност и да напредуваат во кариерата. Колку тоа дополнително ве мотивира да дадете повеќе од себе?

Грижата за вработените во Пантелеон ГС е една од примарните цели…Во Пантелеон ГС, давање приоритет на благосостојбата и професионалниот раст на нашите вработени е основна цел. Нашата посветеност за поттикнување на поддржувачко и инклузивно работно место се рефлектира во нашата посветеност на грижата и развојот на нашите талентирани членови на тимот. Овој пристап насочен кон вработените го нагласува нашето верување дека просперитетната работна сила е од суштинско значење за севкупниот успех на Panteleon GS.

Во суштина, во Panteleon GS, грижата за нашите вработени не е само цел; тоа е водечки принцип кој ја обликува нашата организациска култура. Цврсто веруваме дека мотивираната работна сила е клучот за постигнување на извонредност и иновации во нашата индустрија. Оваа посветеност на благосостојбата на нашите вработени е доказ за нашата визија за Panteleon GS како работно место каде што поединците напредуваат и лично и професионално.