Breaking News

Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто


Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто, објави денеска Српскиот завод за статистика.

Како што е наведено, инфлацијата на годишна основа во декември 2022 година изнесувала 15,1 отсто.
Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, што ја мерат инфлацијата, во декември 2022 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во просек за 0,5 отсто, соопшти српскиот Завод за статистика. паг/

2023-01-12 12:53:20, од Пандорка Арсовска-Гацова


 


Белград, 12 јануари 2023 (МИА)