Breaking News

ИМА ЛИ ВРСКА НОВАТА АФЕРА ВО ТИРАНА СО НЕСУДЕНИОТ КУПУВАЧ НА „ЖАН МИТРЕВ“? Исти актери во коруптивниот бизнис на стерилизација на медицински инструменти и во Македонија и во Албанија


Во компанијта „СкопСтер“, која има договор за јавно приватно партнерство со македонката влада, сопственици на акции се следниве три компании: „Сервици Италија“, „Евита“ и „Делта Фарма“. Станува збор за истата „Сервици Италија“, која има вложувања во фирмата „Сани Сервице“, која што сега е под истрага во Албанија. „Евита“, пак, е фирма во сопственост на блиска роднина и соработничка на фамозниот Клодијан Алајбеу, кој е главен актер во најавена аквизиција на Клиниката „Жан Митрев“.


Фирмата, поради чиј договор за стерилизација на медицинска опрема од 2015 година деновиве се уапсени најмалку 8 функционери во Албанија, за злоупотреба и проневера на околу 100 милиона евра, е капитално поврзана со компанијата „СкопСтер“, која има договор со македонската влада за јавно приватно партнерство за формирање центар за стеризилација на медицинска опреама сместен во дел од објектот на поранешен „Мајчин дом“ во Скопје.


Како што претходно објави Плусинфо, Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција на Албанија, СПАК, издаде налози за апсење на поранешни функционери вмешани во аферата, меѓу кои и на поранешниот заменик-министер за здравство Клодијан Рјепај, обвинет за злоупотреба на службената положба, како и бизнисменот Илир Рапајн обвинет за „измама со тешки последици“ за концесијата за стерилизација. На дел од осомничените изречена им е мерка привор, на дел домашен притвор, додека на двајца секојдневно јавување во полиција.

Осомничените се товарат за злоупотреба при склучен договор за стерилизација на хируршка опрема со Јавното приватно партнерство, потпишан во декември 2015 година меѓу поранешниот министер за здравство Илир Беќај и концесионерската компанија „Сани Сервице“, со кој ѝ била нанесена економска штета на државата.


Според извештајот на Високата државна контрола, опрема вредна над 107 милиони леки (1.014.149 евра), која била купена од албанската влада, му била донирана на концесионерот бесплатно и без никаква одредба во договорот.

Сопственици на акции во „Сани Сервице“ се италијанската компанија „Сервици Италија“ (Servizi Italia), „Техносанимед“ ( Tecnosanimed0, и У.Јет (U.Jet S.r.l.), како и инвестицискиот фонд Investital LLC.


Истовремено, во компанијта „СкопСтер“, која има договор за јавно приватно партнерство со македонката влада, сопственици на акции се следниве три компании: „Сервици Италија“, „Евита“ и „Делта Фарма“. Станува збор за истата „Сервици Италија“, која има вложувања во фирмата „Сани Сервице“, која што сега е под истрага во Албанија.

Истовремено, другата компанија со удели во македонската „СкопСтер“, фирамта „Евита“, е во сопственост на Mајлинда Фетиу, која е роднина на контроверзниот албански бизнисмен Клодијан Алајбеу, сопственик на болницата „Американ хоиспитал“ од Тирана, за кого неодамна беше објавено дека преговара купување на Клиниката Жан Митрев во Скопје, настапувајќи со своја компанија регистрирана во Холандија.


Токму фирмата „Евита“ во конзорциум со „Американ хоспитал“ во 2016 година добила голем тендер за дијализа во Тирана, кој подоцна бил предмет на истрага, затоа што наводно на тендерот, на кој учествувале 8 компании, една грчка компанија имала подобри резултати.

Фирмата „Евита“ беше дел и од конзорциумот што го доби тендерот за стерилизација на македонското Министерство за здравство во септември 2019 година, за кој уште тогаш се пишуваше дека е сомнителен. Македонските фирми кои се претставници на странски брендови во земјата, тогаш се пожалија дека немале можност да учествуваат на тендерот поради високите критериуми во тендерската документација како што е висока банкарска гаранција, обрт од 30 милиони евра во оваа дејност во последните 3 години, (за подизведувач обрт од 20 милиони евра) и слично.

Клодијан Алајбеу се смета за клучен човек за најавената аквизиција на Клиниката „Жан Митрев“, бидејќи неговата „Американска болница“ во Тирана, основана во 2006 година, во 2008 година беше купена од „Balkan Alliance Healthcare BV“, компанија регистрирана во Холандија, за која неодамна јавно беше соопштено дека е во завршна фаза од преговори за купување на Клиниката „Жан Митрев“:

„Балкан aлајанс хелткер Б.В. (Balkan Alliance Healthcare BV), друштво основано согласно регулативата на Холандија, со седиште во ул. Стравинскилан бр. 1421, 1077ХХ Амстердам, Холандија, во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со Приватната здравствена установа – Клиничка болница „Жан Митрев“ – Скопје со седиште на ул. Бледски Договор бр. 8, 1000 Скопје преку стекнување на контрола со купување на мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита“ – соопшти Комисијата за заштита на конкурентнсота во Македонија, а потоа беше истото беше потврдено и од самата Клиника „Жан Митрев“.

Извор: Плус инфо