Breaking News

Грција ќе „увезе“ 168.000 работници од трети земји


Недостигот на работна сила во Грција во повеќе сектори меѓу кои земјоделството, сточарството, градежништвото, но и туризмот резултира земјата за периодот 2023-2024 година, да увезе 168.000 работници од трети земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.


Според информациите на весникот, за пополнување на слободните работни места веќе е издадена и соодветна министерска одлука која покрива само 39 отсто од потребите за работници во Грција.


Одобрени се 147.925 места за државјани на трети земји, а останатите 20.000 ќе се покријат со билатералните договори потпишани со Египет и Бангладеш.

Работниците ќе бидат распределени во сектори каде што нема понуда за работа од Грци, како што се сезонски работници во земјоделството, градежни работници, месари, сточари итн.


Паралелно, дозволен е „увоз“ на странски работници за покривање на дел од потребите во туристичкиот сектор, како што се готвачи, помошници во кујна, мијачи на садови, градинари и хигиеничари. ср/јт/