Breaking News

Грковска ќе го презентира Упатството за подобрување на транспаретноста на иституциите од јавниот сектор


Во Клубот на пратеници во Скопје денеска ќе биде презентирано Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор.


Упатсвото ќе го презентираат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, директорката на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер Пламенка Бојчева и извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска – Сачмароска, соопшти владината прес-служба.


Целта на Упатството е да се обезбеди унапредување на проактивната транспарентност на институциите.са/