Граѓански форум – „Селекција на отпад за почиста животна средина“


Во општините Ново Село и Босилово денеска и утре ќе се одржи граѓански форум на тема „Селекција на отпад за почиста животна средина“.


Ова е завршна активност од проектот „Селекција и рециклажа на отпадот за намалено загадување во општините Струмица, Ново Село и Босилово“, што го спроведува Зелен институт.


На настанот ќе бидат презентирани решенија на конкретни проблеми за успешна селекција на отпад во општините Ново Село и Босилово, активности на јавното комунално претпријатие, како и добри пракси за селекција на органски отпад од нивите (компостирање и производство на природни ѓубрива) и пластика и хартија од домовите.

Како што наведува Зелен институт, поканети се градоначалниците, советниците, локалната администрација, јавните комунални претпријатија, надлежните инспектори, НВО и граѓани.


Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а крајната цел на проектот е мобилизирање на општините за намалување на загадувањето на животната средина со отпад, со зајакнат капацитет на советниците и локалните институции, како и за повисока еколошка свест на граѓаните. мч/дма/

фото: МИА архива