Breaking News

Граѓаните собраа 2000 шишиња и лименки отпад на фестивалот “Sound of Green”


 


Со една лименка или пластично шише како влезница, благодарение на Пакомак, во петокот се одржа концерт на платото пред Филхармонија каде што настапија NATALEE, Фолтин кои ги изведоа песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“, но и нивните постари хитови. Истата вечер на сцената настапија и бендовите SIZ и KEM.


На настанот дојдоа околу 1500 посетители, од кои повеќе од 400 со симната мобилна апликација Pakomak Ecomak, со што добија бесплатно точено Skopsko Smooth. Граѓаните ја покажаа својата еко страна и собраа дури 2000 шишиња и лименки отпад, во три контејнери за отпад. Шишињата и лименките служеа како влезница за концертот.

Огромниот интерес само ја потврди силната еколошка компонента на овој фестивал, а Пакомак на еден креативен начин не потсети дека сите ние треба селективно да го одложуваме амбалажниот отпад.


Настанот „Sound of Green“ традиционално го организира Пакомак, а тој во изминатите години стана и дел од градскиот летен фестивал „Звуците на Скопје“. Спојувањето на музиката со намалување на отпадот и промоција на рециклирањето претставува инспиративен начин да се придонесе кон поздрава околина и подобра иднина. Фестивалот е еден извонреден пример за тоа како креативните акции може да направат значителна промена, како за граѓаните, така и за животната средина. Музиката како амбасадор и промотор на важни креативните решенија кога станува збор за напорите на заедницата да се создаде позелен и поодржлив свет.