Breaking News

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки


Јавниот повик за нов универзален снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар на кој Владата ги повика заинтересираните компании да достават понуди со пониска маржа од 11,5%, завршува за два дена.


Досега е извесно дека на огласот ќе се јави „ЕВН хоум“, компанијата што и во моментов е универзален снабдувач. Учество најави и „ЕСМ продажба“, компанија што е дел од државното електростопанство, а во трката ќе влезе и компанијата за трговија со струја ЕДС која е фирма ќерка на грчката државна компанија за производство на енергија ППС, пишува А1.он.


Најавата од компанијата за многу пониска и поконкурентна маржа при учеството на јавниот повик за Универзален снабдувач на електична енергија за следните пет години ги вжешти страстите во битката за добивање на тендерот, а атрактивната понуда од страна на ЕДС, на маржа многу пониска од постоечката ќе значи и пониска струја за оние најранливите, а тоа се граѓаните и малите потрошувачи.

Како на земја во која домаќинствата плаќаат најскапа струја во регионот, конкуренцијата при изборот на универзален снабдувач и е повеќе од потребна, а некои од компаниите кои ќе се јават на овој повик најавија дека ќе понудат далеку пониски цени од сегашните.


Кај источниот сосед граѓаните се снабдуваат од три компании кои се поделени по региони. „ЦЕЗ Бугарија“ ги снабдува граѓаните во западна Бугарија, „Енерго-Про“ во североисточниот дел на земјата, а „ЕВН“ ги снабдува со енергија граѓаните во јужноисточна Бугарија.

За целиот текст на А1.он