Breaking News

Годишно собрание на Национална федерација на фармери


Националната федерација на фармери денеска ќе одржи редовна седница на Годишно собрание на НФФ, на која ќе се разгледаат активностите кои следуваат за тековната година и извештаите од претходната година.


На свечениот дел, како што најавија од НФФ, ќе се обратат претставници од Федерацијата и претставници од инститиции и организација кои во текот на изминатиот период соработувале со организацијата, вклучувајќи ја и претседателката на НФФ Васка Мојсовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и регионалната директорка на We Effect Europe, Анели Леина.


На седницата ќе бидат доделени благодарници за соработка со Националната федерација на фармери и ќе се презентира краток видео запис за активностите и резултатите на НФФ. дма/са/

Фото: МИА архива


Скопје, 24 април 2023 (МИА)