Breaking News

Годишна конференција „Година на нови можности“ во Скопје


Годишна конференција „Година на нови можности” почнува денеска во Скопје. Станува збор за дводневна конференција во организација на Владата.


Во рамки на конференцијата предвидено е да се одржат вкупно осум панели на различни теми. Целта е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувања во 2022, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.


Меѓу другите, најавени се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите Никола Тупанчевски, Јетон Шаќири, Бисера Костадиновска – Стојчевска, Благој Бочварски, Насер Нуредини, Јована Тренчевска, Беким Сали, Крешник Бектеши, Бујар Османи, Славјанка Петровска, Оливер Спасовски, Фатмир Бесими, Љупчо Николовски, Ристо Пенов и Џемаил Чупи.

– Плодните дискусии ќе обезбедат добри насоки за тоа како, оваа 2023 година да ја погледнеме како можност и да ги искористиме предизвиците за да обезбедиме стабилност, сигурност, подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, економски напредок, социјална правда, владеење на демократија и подобар живот по европски стандарди, велат од Владата. бд/бак/