Breaking News

Главната разлика помеѓу биохакирањето и биотехнологијата


Автор: Д-р Јана Клопчевска, Технолошко-Металуршки факултет, УКИМ, Скопје

Биотехнологијата е гранка на инженерството која се занимава со индустриска преработка на суровини, во лаборатории и пилот-постројки,, со цел да се добијат производи со висока вредност, под дејството на микроорганизми, животински и растителни клетки, ензими и клеточни компоненти. Биотехнологијата опфаќа научни дисциплини коишто ги проучуваат биологијата и технологијата, заедно. Местото каде се случуваат транформациите во биотехнологијата е позната како “био простор”  или простор за хакирање.


Биохакирањето, е познато како човечко подобрување, или „направи сам“ биологија, насочена кон подобрување на, здравјето и благосостојбата на човекот. Главната разлика помеѓу биохакирањето и биотехнологијата е во тоа што биотехнологијата е регулирана индустрија, додека биохакирањето е повеќе „експериментално“.


Новата Отворена градска лабораторија е првиот биохакинг простор од ваков вид во државава, каде може да се најде мобилна опрема којашто ја покрива целокупната биотехнолошка дејност, како опрема за екстракција на етерично масло, опрема за мелење, сушење, пресување, брикетирање, но и опрема за синтетска биологија или секвенционирање на микроорганизми, PCR техника и брзи микробиолошки тестови, флуоресценција и слично. Овој простор е создаден за граѓаните и претставува лабораторија во којашто може да се прифати секаков вид на отпад и да се трансформира во корисен производ. Досега лабораторијата беше посетена од страна на неколку амбасади, гости професори, 20 индустрии од прехрамбениот сектор, основни и средни стручни училишта од Скопје и скоро сите професори по предметите хемија и биологија на средните стручни училишта од Р. С. Македонија.

Младите имаа можност активно да работат во лабораторијата, да биохакираат идеи и направат зачетоци на идни бизнис планови, прототипови на отворен повик, за во иднина најдобрите идеји да бидат претставени пред инвеститори.


 


Отворена градска лабораторија

Интересен пример за слична лабораторија може да е најде на следниот линк:


https://longitudeprize.org/blog/biohacking-lab-science-for-everyone/