Галушченко: Украина повторно извезува електрична енергија во Европа


Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко синоќа изјави дека Украина го обнови извозот на електрична енергија во Европа, што беше прекинат во октомври кога Русија почна со редовни ракетни и беспилотни напади врз виталната енергетска инфраструктура.


Тој додаде дека нападите предизвикале големи прекини на електричната енергија за цивилите и индустријата, принудувајќи ги екипите за итни случаи да работат прекувремено за да ја обноват мрежата.


Гачушченко истакна Русија не успеала да го уништи украинскиот енергетски систем, како и дека снабдувањето со електрична енергија на локалното население останува приоритет.

Во моментов има планови за зголемување на прекуграничниот дистрибуција помеѓу Украина и Полска, што ќе го зголеми извозот, наведе Галушченко.


Украина пред војната извезуваше електрична енергија во Молдавија, Унгарија, Словачка и Полска. ми/

фото: МИА архива
Киев, 11 април 2023 (МИА)