Breaking News

Galaxy AI вештачката интелигенција и новото уникатно мобилно искуство   со серијата телефони Galaxy S24


Кога зборуваме за вештачка интелигенција во нашето секојдневно живеење, веќе со сигурност можеме да кажеме дека е застапена во секој сегмент, и како таква допринесува за олеснување при многу активности кои ги повторуваме повеќе пати во текот на денот. Таква активност е нашата интеракција со телефонот – неиоставениот дел веќе и од нас самите.



Што нуди Galaxy AI* кај новите телефони од серијата Galaxy S24?

Новите уреди Galaxy S24 и Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra изобилуваат со иновации кои ќе ја подигнат вашата продуктивност и можностите за комуникација на досега непознато за вас ниво и ќе ви овозможат ново и уникатно мобилно искуство. Засновани на длабоко разбирање за тоа како луѓето ги користат своите телефони, оваа серија е претставена како значајна интелигенција насочена кон подобрување на секој дел од вашиот живот, особено основната улога на телефонот – комуникацијата каде преводот и пребарувањето никогаш не биле полесни.


Со цел да им обезбеди на корисниците неверојатна нова алатка, Galaxy во соработка со водечкиот светски пребарувач Google, создаде нова димензија на пребарување со интуитивни гестови водени од опцијата Circle to Search (Пребарување со заокружување). Доколку забележите нешто за што ви треба дополнително објаснување, на презентација или при пребарување на Интернет, можете брзо да добиете одговор, дури и без да ја напуштите страницата! Само заокружете и барајте – да, толку е едноставно!


Функцијата Chat Assist (Помош за разговор) овозможува превод на пораки, е-пошта и друга содржина во реално време. Исто така ви помага да го усовршите тонот на разговорот, за комуникацијата да звучи попрофесионално! Сега можете да одговорите на порака на вашиот јазик која автоматски ќе биде преведена за другата страна, при тоа без да се прашувате „како да го кажам ова?“ или „зошто не помислив на тоа?!“


Во автомобилот, Android Auto автоматски ќе ги сумира дојдовните пораки и ќе предложи релевантни одговори и дејства, како што е испраќање на вашето проценето време на пристигнување, за да можете да останете поврзани додека се фокусирате на возењето.

Запишувањето на вашите мисли или правење список со задачи во вашиот Galaxy S24,  Galaxy S24+ или Galaxy S24 Ultra   никогаш не било полесно со опцијата Note Assist (Помош за белешки) која ги скратува записите и го обликува текстот. Благодарение на вештачката интелигенција, вашиот екран станува организиран и лесен за прегледување. За гласовни снимки, опцијата Transcript Assist (Помош за транскрипција) користи „говор во текст“ за транскрипција, сумирање, па дури и преведување на снимките на други јазици. Впрочм, целата серија Galaxy S24 е создадена да ја направи вашата секојдневна интеракција со вашиот паметен телефон неверојатно интуитивна и исполнета.

Фотографско искуство како никогаш досега!

Ако зборуваме за Galaxy S24 Ultra, тогаш едно е сигурно: Со најмногу мегапиксели во еден смартфон и обработка со вештачка интелигенција, овој телефон поставува нов стандард на квалитет со секоја слика што ја правите. Системот Quad Tele кој освен револуционерниот оптички зум од 5x, вклучува и подобрен дигитален зум до 100x, ги доближува далечните објекти со неверојатна јасност, овозможувајќи одлични фотографии дури и од далечина.

Дополнително, новата ProVisual технологија препознава предмети и ги подобрува боите, го намалува шумот и го истакнува секој детал, па сите ќе ви позавидат на фотографиите кои изгледаат како да се направени од професионалец. И воопшто, системот на камери кај сите три модели од оваа серија гарантира максимален квалитет на сликата секогаш кога ќе го допрете копчето за слика благодарение на ВИ обработката: Го подобрува тонот на бојата, го намалува шумот и ги покажува деталите подобро од кога било досега. Galaxy ProVisual Engine го револуционизира начинот на кој правите фотографии и видеа, намалувајќи ги заматените, пикселирани фотографии кои ги расипуваат посебните моменти! Овие фантастични уреди ќе ве придружуваат дури и при вечерните излегувања, благодарение на можностите на Nightography камерата, која обезбедува брилијантни и јасни резултати во сите услови, додека додека вештачката интелигенција ги подобрува деталите во секој момент, стабилизирајќи ја снимката и спречувајќи заматени слики.

Без грижи за сигурноста на податоците!

Заштитени од Samsung Knox, повеќеслојната одбранбена безбедносна платформа, Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 ги чуваат вашите доверливи информации безбедни и штитат од пропусти со шифрирање користејќи целосно безбеден хардвер за откривање закани во реално време и споделена заштита. Корисниците имаат целосна контрола врз нивните податоци преку напредни поставки кои можат да ја оневозможат онлајн обработката на податоци за функциите на вештачка интелигенција.

ВИ функциите на Galaxy AI сега и на други модели на Galaxy телефони!

Како одлична вест од Samsung ни пристигна информацијата дека благодарение на ажурирањето на One UI 6.1,  функциите напојувани од вештачката интелигенција, освен во најновата серија Galaxy S24, сега се достапни и на други модели на Galaxy телефони како серијата Galaxy S23, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Fold5, Galaxy Z Flip5 и Galaxy Tab S9. Ажурираната апликација Try Galaxy сега овозможува функциите со ВИ да ги имате на располагање без да го промените телефонот. И дополнително, во тек е промотивна понуда со извонредни подароци за сите клиенти кои ќе купат Galaxy S24, Galaxy Z Flip5, Galaxy S23 или Galaxy S23 FE, ќе добијат на подарок фитнес нараквица Galaxy Fit3 и безжични слушалки Galaxy Buds FE. За секој пак купен Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ или Galaxy Z Fold5, добивате подарок пакет Tab A9 4/64 Wi-Fi, Galaxy Fit3 и Galaxy Buds FE. Побрзајте, бидејќи акцијата трае до 04.05.24 или до истрошување на залихите за подароци. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

Повеќе информации за новите модели на телефони од серијата Galaxy S24 прочитајте на следните линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/