Breaking News

Францускиот трговски јаз се намали на 9,9 милијарди евра


Надворешно трговскиот дефицит на Франција се намали во февруари, бидејќи извозот се зголеми поради падот на увозот, покажаа податоците на царинската испостава објавени вчера.


Трговскиот дефицит се намали на 9,9 милијарди евра (1,08 милијарди долари) во февруари од 12,5 милијарди евра во јануари.


Истиот месец во 2022 година, дефицитот изнесуваше 11,8 милијарди евра.

Извозот се зголеми за 2,9 проценти во однос на претходниот месец, додека увозот е намален за 2,0 отсто.


На годишна основа, и извозот и увозот се зголемија за 8,7 и 10,7 проценти, соодветно.

Одделни податоци од Банката на Франција покажаа дека дефицитот на тековната сметка на земјата малку се намали на 3,0 милијарди евра во февруари од 3,3 милијарди евра во јануари.


Трговскиот дефицит на стоки падна на 8,6 милијарди евра од 9,9 милијарди евра, главно поради намалувањето на сметката за енергија, но остана на високо ниво. Ова подобрување беше неутрализирано со намалувањето на вишокот на услуги, кој се намали на 2,7 милијарди евра од 3,5 милијарди евра. јт/

Фото: МИА архива
Париз, 8 април 2023 (МИА)