Breaking News

Формирана работна група за реформи во изборното законодавство, претседател Александар Новаковски


Формирана е работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно ќе работи и на нов Изборен законик, соопшти денеска Министерството за правда.


Претседател на работната група ќе биде Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.


– Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес, се наведува во соопштението од Министерството за правда. цр/сп/

Фото:Министерство за правда


Скопје, 18 април 2023 (МИА)