Breaking News

„ФЛАМИНГО ПОКЕР ТУРНИР“ ПО 7 ПАТ ВО КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ ГЕВГЕЛИЈА


Во организација на Казино „Фламинго“ Хотел – Гевгелија во периодот од 01-05 ноември ќе се одржи седмиот по ред „Фламинго покер турнир“, настан кој е познат по учество на квалитетни покер играчи и одличниот награден фонд. Досега се најавуваат играчи од Грција, Србија, Израел, Норвешка, Кипар и останати држави од Европа. Индивидуалната регистрација чини 250 евра по играч. Паралелно со турнирот, во рамките на казиното ќе бидат активни и шест  покер маси со одлична кеш игра, како и “Bad Beat”кој во моментот изнесува 25.435 евра и се очекува да расте.


Со оглед на фактот дека години наназад во Македонија организираме повеќе турнири на кои учествуваат реномирани играчи кои споделуваат свои позитивни искуства од претходните учества, ваквите покер турнири прераснуваат во заштитен симбол на Казино „Фламинго“.


 Ни причинува задоволство што како претставници на Групацијата „Новоматик Македонија“ продолжуваме да го потврдуваме и оправдуваме статусот на светски гигант во индустријата игри на среќа. Компанијата веќе 17 години приредува игри на среќа во грандиозен хотелски комплекс на граничниот премин Богородица и 4 години во срцето на Скопје, на плоштадот Македонија во хотелот „Мериот“, каде е сопственик на истоименото „Казино Фламинго“.

 Вредно е да се истакне дека како претставници на „Новоматик“, реномирана ЕУ компанија, „Казино Фламинго“ продолжува да манифестира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот, културата и продолжува да гради партнерство со локалната заедница.


https://gevgelija.casino-f.com/6183-2/