Breaking News

Евроамбасадорот Гир и Банка за храна поделија пакети за социјално-загрозени семејства


Една четвртина од граѓаните на Европа се сочуваат со некаков тип на неизвесност со снабдувањето со храна или во бројка 43 милиони граѓани не можат да обезбедат квалитетен оброк секојдневно.


Ова при денешната работна посета на Општина Делчево го изјави евроамбасадорот Дејвид Гир чија посета е во контекст на акцијата за донирање пакети храна за социјално загрозени семејства, која Делегацијата на ЕУ ја организира во соработка со Банката за храна.


Како што посочи евроамбасадорот во Северна Македонија проценката е дека околу 40 проценти од отпадот е сочинет од цврстиот отпад, како неискористена храна од процесот на производство.
-Би претпоставил дека бројките се сразмерно повисоки тука во Северна Македонија. Исто така, воопшто не е во ред со тоа што се соочуваме со голема загуба на храна, во текот на производствениот процес, меѓутоа и понатаму во продажниот и потрошувачкиот процес на храната на секојдневно ниво. Тука во Северна Македонија проценката е дека околу 40 проценти од отпадот е сочинет од цврстиот отпад од неискористена храна од процесот на производство. Навистина не е во ред што ние сите се соочуваме со ова исто време додека ги трпиме поразителните резултати од климатските промени, истакна Гир.

Евроамбасадорот изрази задоволство што постојат организации како Банката за храна кои што според него се трудат да формираат еден круг каде нешто сите овие заеднички придобивки ќе ги врзат во едно.


-Го намалуваат отпадот истовремено вршејќи дела на солидарност со други луѓе коишто имаат потреба од тоа. И ние како Делегација на ЕУ навистина ние мило што можевме да се придружиме на овој процес што го водат други. Исто така, многу ми е мило што може заедно со нив да доставиме пакети на луѓето коишто им требаат тука во Делчево. Навистина сме на прагот на православниот Божик и мислам дека тоа е извонредна можност за сите нас да размислиме за нашите. Така што, денеска сме со испорачување на овие пакети и сеќавање на луѓето тука во Делчево, подвлече евроамбасадорот

Во рамки на работната посета Гир оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски кој го запознавме приоритетите кои што во тековната година и претстојат на Општина Делчево.


-Разговаравме за проектите коишто ги работиме, кои носат развој, но и пред се за проектите поврзани со аплицирање и имплементација во однос на европските фондови, европските проекти, што значат поголем квалитет на живот на нашите сограѓани, развој на демократските процеси, но и зголемено учество на сите граѓани и граѓански организации во носењето на одлуки на локално ниво. Денеска во пресрет на големот хриситијански празник Божик заедно со евроамбасадорот ја промовираме акцијата за донирање пакети, прехранбени пакети, која што акција ја организира Делгацијата на ЕУ, заедно со Банката за храна, со мрежата на млади евроамбасадори и со регионалниот центар за застапување Делчево, рече Трајковски.
Додаде дека и во текот на 2022 година Општината има доделувано пакети во различни настани, како и хуманитарна помош во храна и лекови.

Душко Христов, претставник на Банка за храна која полни 12 години активен стаж, истакна дека Банката за храна како мала организација, без ЕУ поддршката не може да функционира, потенцирајки дека во секторот во Македонија досега имаат поделено околу 2,5 илјади тони храна.


-Иако сме членка на ЕФ на Банки за храна, во Европа не е така розово. Сегде има гладни, сегде има потреба од помош да се помогне. Ние како Банка, за Европа помагаме помеѓу 9 и 11 милиони луѓе. За шест дена полниме 12 години активен стаж, во секторот во Македонија и имаме поделено околу 2,5 илјади тони храна. Навистина треба да се изгрди инфраструктура која што помеѓу нас организации, инфраструктура која што одредена помош која централизирано се собира во Скопје, бидејќи таму највеќе се собира, не можеме катадневно да ја испорачаме, рече Христов.

Посочи дека заедно со ЕУ делегацијата се изготвува драфт закон за донирање вишок храна, кој според него доколку се тестира на реален начин и се стави во функција на сите нас како општество, над 70 посто за потребите на граѓаните кои што имаат потреба пред се во храна, ќе бидат задоволени.

Во денешната акција во која во Делчево беа доделени 30 пакети се приклучија Регионалниот центар за застапување од Делчево, трите општини (Скопје, Крива Паланка и Струмица), како и Мрежата на млади европски амбасадори.
Како што додаде Родне Деолска од Регионалниот центар за застапување ова е третпат како РЦЗ се вклучува во ваква акција како партнер, напоменувајки дека досега заедно со Банката за храна имаат поделено пакети за 200 семејства.
-Секоја можност што РЦЗ ја дава е во насока на поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, како и клучните хоризонтални прашања на ЕУ, а тоа е борбата против сиромаштијата. Ние како невладина олрганизација речиси 19 години работиме токму благодарение на поддршката што ја добиваме до ЕУ за различни проекти, различни активности и тие наши активности не се секогаш посочени само во областа на социјалата, работиме и други тематски области и опфаќаме различни групи, додаде Деолска.

Посетата на Делчево евроамбасадорот ја искористи за посета на локални производители чии штандови во пресрет на Бадник и Божик се поставени во Градскиот парк во Делчево, а го посети и паленотолошкиот локалитет Стамер. вс/сст/