Breaking News

ЕСГ Самит на Западниот Балкан во Порто Монтенегро


ЕСГ Самитот на Западниот Балкан е првиот голем регионален настан посветен на теми од животната средина, одржливиот развој и одговорното управување (ЕСГ), кој денеска и утре во Порто Монтенегро ќе ги собере регионалните и глобални владини и деловни лидери и експерти.


Организаторите велат дека самитот се стреми да стане водечки годишен настан за одржливост во регионот, кој треба да доведе до позитивни промени во бизнисите и општеството преку избрани долгорочни иницијативи. ЕСГ Самитот на Западен Балкан ќе го отвора новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.


Како што јави специјалниот известувач на МИА, Самитот ќе има клучни презентации и интерактивни панел дискусии критични ЕСГ теми – одржливи финансии, зелена транзиција и зелени иновации. Организаторите посочуваат дека присутните ќе имаат можност да се запознаат со најпромислените технологии и идните бизнис модели и да се приклучат на фокусирани работилници за новите прописи за одржливост или стандарди и алатки за најдобар EСГ деловни перформанси.

– За два дена, учесниците ќе добијат извонредно искуство и во Порто Монтенегоро, наградувана марина која може да се пофали со статус на платински стандард за еколошката свест, наведуваат организаторите.


Настанот е организиран од консултантската компанија специјализирана за ЕСГ, „Састинери Партнерс“ и марината Порто Црна Гора во Бока Которска. Самитот се одржува во партнерство со Владата на Црна Гора и Блумберг Адриа. вдј/сп/

Фото: МИА


Тиват, 26 април 2023 (МИА)