Breaking News

ЕП за визната либерализација со Косово


На денешната пленарна седница на Европскиот парламент ќе се гласа за договорот за визна либерализација за граѓаните Косово, со што ќе им овозможи да патуваат и да останат во ЕУ до 90 дена без виза, во кој било период од шест месеци со пасоши издадени од Приштина, се наведува на веб-страницата на ЕП.


По усвојувањето во ЕП, визната либерализација за Косово треба да биде потпишана и објавена во службениот весник на ЕУ. Укинување на визите за граѓаните на Косово кои патуваат во ЕУ предложи Европската комисија, врз основа на претходни оценки.


Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на 30 ноември 2022 година договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз чија основа почнаа преговорите со ЕП, а визната либерализација беше одобрена во декември минатата година.

На 9 март, во прво читање, Советот на Европската унија го усвои ставот за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна до 1 јануари 2024 година следната година. ми/


фото: МИА архива

Брисел, 18 април 2023 (МИА)