Breaking News

Еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот со настап во Скопје


На 29.03.2024г. во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот. Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam. Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.


Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.
И не е само тоа! Журката не почнува со нив туку со скопската предгрупа „ТHE OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.
Влезните билети се пуштени во претпродажба во 3 категории, а публиката може да ги набави преку продажната мрежа на Купикартизасе:


“Еarly Bird“ Tickets – до 22-ри Февруари – Цена 350 мкд
“Regular“ Tickets – од 22-ри Февруари – Цена 400 мкд
На денот на настанот на 29 март до 19:00часот – Цена 500 мкд
На врата: 600 мкд