Breaking News

Двојна почест за BtoBet: Сертификати за деловна успешност и Бизнис лидер во Македонија за 2022


Македонската компанија BtoBet се стекна со два сертификати за изминатата 2022 година, за деловна успешност и за бизнис лидер, односно еден од 500 најголеми работодавачи во државата.


„Горди сме што уште една година по ред се стекнуваме со сертификат за деловна успешност, што е потврда за квалитетот на нашето работење, конзистентниот раст и постојаната финансиска стабилност. Оваа година сме добитници на уште едно признание со кое се вбројуваме во едни од најголемите работодавачи во нашата држава за изминатата година, што нѐ прави особено среќни, бидејќи е резултат на нашата посветеност да создадеме инклузивна, поттикнувачка и поддржувачка работна средина која ќе привлече и задржи домашни таленти“, вели Моника Стефановска – Директор на правен сектор и сектор за регулатива , која додава дека амбициите на компанијата за следниот период се навистина големи.


„BtoBet континуирано бележи експоненцијален раст, како од аспект на човечките ресурси, така и пазарно, во индустријата во која делуваме. Како домашна компанија која работи исклучиво за интернационален пазар, етаблирани сме во Европа, Африка и Латинска Америка, а неодамна и официјално го одбележавме влезот на северноамериканскиот пазар, со што можам да кажам дека влегуваме во една нова фаза на раст. Следуваат интересни времиња за BtoBet“, завршува Стефановска.

Со сертификатите, инаку доделени од бонитетната агенција Таргет Груп, се стекнуваат одговорно и квалитетно водени компании, кои имаат успешно менаџирање на своите деловни процеси, успеваат да го задржат или подобрат своето работење и успеваат најголем дел од закани во нивното работењето да ги претворат во можности со цел постигнување на најдобри можни резултати.