Breaking News

Дојче Телеком е највреден бренд во Европа и меѓу топ 20 во светот


– Брендот е присутен во Македонија преку Македонски Телеком


Истражувањето спроведено од агенцијата за финансиска анализа TradingPedia покажа дека Дојче Телеком и понатаму е на самиот врв во глобалната телекомуникациска сфера, рангирајќи го како највреден бренд од Европа и еден од Топ 20 брендови во светот. Дојче Телеком е еден од само двата претставници на Европа во Топ 20 ранкингот, со проценета вредност од 62,93 милијарди долари.


САД и Кина се јасни лидери на светската сцена во листата на 500 најдобри брендови. САД имаат 202 брендови на оваа листа, а Кина има 79. Германија има седум брендови во топ 100, меѓу кои Дојче Телеком котира највисоко, а како втор највреден бренд од Германија и Европа е наведена компанијата за луксузни возила Mercedes-Benz.

Позицијата на брендот Дојче Телеком се заснова на моменталната вредност на брендот, којашто е највисока во историјата на компанијата. Успешноста на брендот, како економска, така и во поглед на препознатливоста, се должи на долгогодишната инвестиција во дигитални и иновативни технологии, кои му овозможија на Дојче Телеком постојано да биде во чекор со технолошкиот напредок.


Исто така, стратегијата за брендирање на меѓународно ниво му овозможува на Дојче Телеком дополнително да го зајакне својот бренд меѓу своите корисници. Покрај тоа, на глобално ниво, угледот и препораките на брендот продолжија да се зголемуваат. Според експертите, освен овие фактори и високото ниво на задоволство на корисниците му дава дополнителна вредност на брендот.

Дојче Телеком е присутен и во нашата земја, преку Македонски Телеком, најголемиот телекомуникациски оператор во Македонија, чиј број на корисници во земјата постојано се зголемува и актуелно брои над 1,33 милиони корисници во мобилна телефонија преку 227 илјади корисници на фиксна телефонија, како и преку 208,7 илјади корисници на широкопојасен интернет.