Breaking News

Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Лорковски во посета на Собранието


Собранието денеска ќе го посети директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски.


Како што информираат од собраниската прес-служба, Лорковски ќе учествува на состанок со Комисијата за економски прашања, на кој ќе биде презентиран Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија. фф/сп/


Фото: МИА Архива