Breaking News

ДХЛ анкета за онлајн купувачи: 95% од онлајн купувачите го откажуваат купувањето ако нивната посакувана опција за испорака не е достапна


  • DHL e-Commerce го објави своето прво глобално истражување за онлајн купувачи кое ги покрива главните глобални пазари во Европа, Америка, на Блискиот Исток, Африка, Азија Пацифик и Кина
  • Барањата за достава надвор од дома продолжува да расте, особено во Европа, со 72% од купувачите кои бараат флексибилност за промена на опцијата за испорака во последен момент
  • Седум од десет купувачи ширум светот ги користат социјалните медиуми за инспирација, а нивен прв избор се Фејсбук и Инстаграм
  • 70% од клиентите сметаат дека опциите за одржлива испорака се важни и 49% би прифатиле дури и подолго време на испорака во овој контекст, но само 28% би платиле повеќе

DHL e-Commerce го заврши новото глобално истражување за онлајн купувачи за 2023 година, а исто така објави и нов Европски извештај. За да се добие подлабок увид во нивните модели за е-трговија, купувачите беа анкетирани од десет земји низ Европа и за прв пат од 13 земји низ целиот свет. Анкетите за онлајн купувачи нудат увид за тоа каде и зошто тие купуваат прекугранично, што купуваат и на што најмногу трошат, нивните ставови за испораката и политиката за враќање и зошто одржливоста е важна за онлајн купувачите ширум светот. Опфатени се главните глобални пазари во Европа, Америка, на Блискиот Исток и Африка, како и во Азија Пацифик и Кина.


„Резултатите од нашата најнова анкета за онлајн купувачи покажуваат дека флексибилноста и транспарентноста на испораката се клучни за клиентите. Но, исто така, одржливоста станува сè поважно прашање, при што речиси половина од клиентите се подготвени да прифатат подолго време на испорака. Сепак, подготвеноста да се плати повеќе е сè уште релативно ниска – 28% ,но ние сме убедени дека и тоа, ќе се промени со зголемениот број на одржливи опции и решенија за испорака. Нашиот извештај дава многу повеќе вредни сознанија за тоа на што треба да обрнат внимание онлајн трговците за да го придобијат задоволството на клиентите и како може да се овозможат успешни искуства на клиентите“, вели Пабло Чиано, извршен директор за е-трговија на ДХЛ.


Флексибилноста и планирањето се клучни

Флексибилните опции за испорака се од витално значење за онлајн купувачите. 95% од купувачите ширум светот изјавуваат дека се откажале од купувањето во минатото, бидејќи посакуваната опција за испорака, како што е достава до дома, до шкафчиња или до продавници за достава на пратки, не била достапна. Истото важи и за потрошувачите во Европа. 90% од европските купувачи велат дека не ја завршиле нарачката преку интернет бидејќи стоката не можела да биде испорачана на локација или во време кое им одговарало.


Исто така важна опција за клиентите е можноста да ги пренасочат своите испораки во последен момент. 75% од глобалните купувачи и 72% од Европејците сакаат флексибилност при испораката на нивната пратка на друго безбедно место кога тие не се дома.

Понатаму, околу две третини од европските онлајн купувачи сакаат да знаат која компанија за испорака ги транспортира нивните пакети пред да направат нарачка. 43% дури би ја напуштиле кошничката доколку не им се допадне понудениот транспортер. Кога се гледаат потрошувачите ширум светот, се појавува слична слика. 70% велат дека името на транспортерот е многу важно, а 43% би откажале онлајн купување доколку не му веруваат на транспортерот. Бројот во регионите, како што се Блискиот Исток и Северна Африка дури се зголемува на 61%. Накратко, опсегот на опции за испорака игра клучна улога за онлајн купувачите во Европа и ширум светот.


Услугите за купување и претплата на социјалните мрежи се во пораст

Каналите на социјалните медиуми стануваат сè поважни како продажен канал за трговците на мало. Седум од десет купувачи ширум светот ги користат социјалните мрежи за инспирација при купување. Кина и Тајланд водат на рангирањето за купување на социјалните мрежи. Повеќе од половина од испитаниците велат дека редовно купуваат на платформите на социјалните медиуми, наспроти глобалниот просек од 28%. Во Европа, 48% од клиентите купувале преку социјалните медиуми во минатото, а водечки канали се Фејсбук и Инстаграм. Сепак, TikTok забележително стекнува место помеѓу нив, а популарноста на стриминг видеата го прави YouTube важен играч на пазарот за продажба на социјалните медиуми.


Во пораст се и услугите за претплата. 31% од Европејците велат дека имаат барем една претплата на онлајн трговец на мало, а најпопуларни се претплатите за убавина и храна. Низ целиот свет, 36% од купувачите користат услуга за претплата на онлајн трговец на мало. Производите за убавина се претплата број 1, а потоа следуваат преплатите за храна и облека.

Купувачите сакаат одржливи решенија, а 49% би прифатиле дури и подолго време на испорака

Одржливоста продолжува да биде важен аспект за онлајн купувачите. 64% од Европејците велат дека им е важно одржливото онлајн купување, но само секој петти купувач е подготвен да плати дополнително за позелена испорака – очекувајќи дека трговците на мало да платат за дополнителните трошоци. Сепак, 49% од европските клиенти се подготвени да прифатат подолго време на испорака, доколку тоа значи дека испораката е поодржлива. На глобално ниво, се појавува слична слика. Повеќе од 70% од испитаниците велат дека одржливоста им е важна кога купуваат онлајн, а речиси половина би биле подготвени да чекаат подолго за нивните испораки. Но, со оглед на изборот, само 28% сметаат дека е соодветно да платат повеќе за поодржлива испорака.

Клиентите сакаат различни опции за плаќање

Трговците на мало за е-трговија низ целиот свет нудат различни опции за плаќање. 85% од европските онлајн купувачи и 85% од глобалните купувачи се задоволни од опциите за плаќање што се нудат при наплатата. Кредитните или дебитните картички и дигиталните паричници како PayPal сè уште се најпопуларни, но опциите за BNPL (купи сега, плати подоцна) се во пораст во Европа, особено во Шведска, Холандија, Германија и Австрија, додека готовина при испорака сè уште игра важен дел во големи делови од светот како што се регионот МЕНА (32%), Република Чешка (22%) и Италија (15%).

ДХЛ анкетата за онлајн купувачи 2023 обезбедува увид во меѓународната индустрија за е-трговија, специфичните пазари и преференциите на потрошувачите. DHL e-Commerce ја нарача студијата за подобро да ги разбере навиките за онлајн купување на потрошувачите низ Европа и светот. Глобалното истражување опфати 13 глобални пазари (Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Индија, Малезија, Мароко, Нигерија, Јужна Африка, Тајланд, ОАЕ и САД), плус 10 европски земји и вклучи 11.500 учесници. Европското истражување подлабоко навлегува во 10 европски клучни пазари (Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија, Шведска, Полска, Холандија, Италија, Чешка и Австрија) и содржи увид на 5.000 европски купувачи.

ДХЛ анкетата за онлајн купувачи 2023 е достапна за бесплатно преземање на:
https://dhl.com/european-online-shopper-survey-2023

https://dhl.com/global-online-shopper-survey-2023

https://dhl.com/online-shopper-survey-2023