Breaking News

Денис Ампов ја освои наградата за ‘Млад Менаџер на Годината за 2023’


Новиот лидерски талент на сцената, Ампов, носи свежи перспективи во индустријата за е-трговија


Во свет каде управувањето со промените и предизвиците е повеќе од вештина – тоа е уметност, младиот и иновативен менаџер Денис Ампов ја докажа својата извонредност со освојувањето на престижната награда ‘Млад Менаџер на Годината’. Препознаен за својата лојалност, страст и непоколебливо водство, Ампов ги предводи новите трендови во бизнисот со смела визија за иднината.


Ампов, кој успешно водеше тимови за продажба во минатите години, сега како Country Manager на Ананас – најголемата регионална платформа за е-трговија, е пример за интегритетот и перформансите што ги бара денешницата.
Неговиот пристап кон управување со продажбата и способноста да се приспособува на динамичните пазарни промени го ставаат во фокусот на вниманието како модел за следење. Брзината на пазарот во електронската трговија и подготвеноста на пазарот се предизвик во кои секојдневно се решаваат проблеми, каде Денис го прави со вистинско уживање и задоволство.


“Оваа награда не е само признание за мојата работа, туку и потврда за правилниот став и континуираниот стремеж кон усовршување. Оваа награда е симбол за она што го креираме со моите соработници за Клик, Бум, Трас биде поблиску до секој дом. Во време на големи предизвици и промени, огромна е потребата од сите заеднички да делуваме со големи и мали акции за колективен раст и благосостојба,” изјави Ампов.
Со своето водство, тој се надева да инспирира и мотивира една нова генерација менаџери кои ќе прифатат предизвиците и ќе придонесат кон подобро утре.