Дали случајот со Леонид ги открива сите слабости на Фондот?


Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) уште повеќе го навлече гневот на граѓаните и на пациентите откако на брифингот со новинарите раководните лица на оваа институција рекоа дека вината за случајот со Леонид Игнов не ја гледаат во себе, пишува А1.он.


За ФЗОМ, виновна е првостепената лекарска комисија која не ги содржела конкретните побарувања за пациентот да добие одобрување за рехабилитација, но и непроменетиот закон со кој истата рехабилитација не е дел од трошоците кои ФЗОМ ги покрива за лекување во странство.


ФЗОМ не откри дали постои можност како институција да одлучи младиот Леонид да биде испратен на рехабилитација и вината ја префрли врз законодавниот дом и законот за Законот за здравствено осигурување.

„Овде проблемот е што законот не дозволува таква промена. И кога законот го исклучува правото за медицинска рехабилитација и за медицински интервенции кои што се од естетски карактер или можат да бидат предизвикани и поради некоја болест како на пример отстранување на дојка, поради рак на дојка, законот не дозволува ваквите интервенции да се плаќаат од страна на фондот како што е и медицинската рехабилитација“, појаснуваат од фондот.


Додаваат дека со децении медицинската рехабилитација не била покривана од страна на Фондот за здравство и дека дополнителните права на Фондот ќе отворат нови прашања за финансиските средства на фондот.

За целиот текст ТУКА