Дали обвинителот со читање на доказите си прочита дека е неосновано обвинението против Жан Митрев?


Искра Хаџи Василева, обвинителот во случајот против д-р Жан Митрев, на последното рочиште презентирајќи ги материјалните докази самата си го поби обвинението. Со читање на листата на пациенти прочита дека болницата им вратила 34.995.700 денари односно 569.000 евра депонирани средства на пациентите на кои не им била извршена хемофилтрација иако тие средства биле депонирани за да се изврши хемофилтрација, пишува Нетпрес.


Имено, д-р Жан Митрев е обвинет дека хемофилтрацијата ја применувал со намера и умисла да прибави противправна имотна корист за клиниката, но тогаш е апсурдно да им врати на пациентите 569.000 евра кои тие ги депонирале. Ова го поставува прашањето дали измамник којшто пациентите наводно ги довел во заблуда да му дадат 570.000 евра би им ги вратил парите или со тоа обвинителството всушност докажува дека немало намера, ниту умисла туку нормален процес на здравствени услуги и кој е тој измамник што ги добил парите со заблуда, ама ги враќа?


Дали ова и’ е јасно и на обвинителката, па поради тоа читајќи го списокот на пациенти, на крај по „грешка“ рече дека се вратени вкупно, занемарливи 34.000 денари, но одбраната приговори дека неточно го чита износот и дека во доказот пишува вратени 34 милиони денари на пациентите на кои не им била извршена хемофилтрација, по што таа беше принудена точно да го прочита износот наведен во писмениот доказ.

За целиот текст ТУКА