Breaking News

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици


Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.


Почитувани сограѓани,


Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и најискрено да посакам пред се добро здравје, радост, среќа и бериќет.

Чинот на фрлање на светиот крст и годинава ќе не собере покрај македонските води за заедно да го посведочиме јавувањето на Бог и да ги наполниме срцата со надеж и верба.


Симболиката на прочистените води нека ни биде мотив за духовно прочистување и инспирација за добри дела.

Да негуваме разбирање слога и човекољубие, постојано дарувајќи љубов, грижа и внимание.


Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!

Бог се јави!


Стево Пендаровски