Breaking News

ВЕСТИ

МВР и ЗНМ со протокол за безбедност на новинарите на интернет

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со работната група на Здружението на новинарите на Македонија, предводена од претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, на која беше промовиран изработениот Протокол за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките. Како резултат на изработката на овој протокол, меѓу …

Повеќе »

Собранието треба да ја продолжи 106. седница

– Собранието денеска треба да ја одржи 106. седница на која на дневен ред се останати уште само неколку точки од дневниот ред. Пратениците не ги разгледале Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на …

Повеќе »

Ковачевски: Како што гледам пораката на Ахмети е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не сакаше да ја коментира изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој ги повика сите партии на Албанците да се обединат за заеднички фронт на Европа. Одговарајќи на новинарско прашање премиерот рече дека не стравува оти бројот на министри Албанци во …

Повеќе »

Зоран Јовановски именуван за в.д. директор на затворот „Идризово“

Досегашниот директор на Казнено-поправната установа „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен од должноста на денешната владина седница, а на неговото место како в.д. директор е именуван генерал-мајор, магистер Зоран Јовановски. Премиерот Димитар Ковачевски говорејќи за Јовановски на денешната прес-конференција, рече дека се работи за врвен професионалец, кој има богата професионална кариера, …

Повеќе »

Владата го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството

Во насока на интензивирање на активностите за успешна дигитална трансформација на општеството, како предуслов за напредок и во борбата против корупцијата и јакнењето на транспарентноста и доброто управување, Владата на денешната седница го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството. Овој документ, како што информираат од владината Прес-служба, минатиот месец …

Повеќе »

Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање. Ковачевски упати благодарност до Арсовски за досегашната работа како портпарол на Владата и му посака успех во следниот президвик во неговата професионална кариера. – Голема …

Повеќе »

Кутиров: На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра. – По претходни сознанија и основан …

Повеќе »

Тренчевска: Нема закон или стратешки документ кој не го работиме на транспарентен начин

„Дваесет години сум вработена во Министерството за труд и социјална политика, девет години во приватниот сектор и три години во граѓанскиот сектор. Со цело тоа искуство сметам дека можам да одговорам на предизвиците со кои се соочува Министерството за труд и социјална политика” рече Тренчевска на почетокот од утринското интервју …

Повеќе »

Пендаровски: Прославуваме два големи јубилеи, 100 години од раѓањето на Шопов и 30 години членство во УНЕСКО

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денеска се одржува целодневна програма во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов. Настанот е дел од Националната програма „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. – Прославуваме …

Повеќе »