ВЕСТИ

Грковска – Шантц: Младинските политики и јакнењето на интегритетот се најважниот влог за иднината на секоја држава

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, во рамки на посетата на Обединетите Нации, имаше работен состанок со претставничката на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (УНОДЦ) Делфине Шантц, со која разговараше за потребата од организиран и системски пристап во справувањето со корупцијата и организираниот криминал. …

Повеќе »

Приведен разбојник од скопско, расчистено кривично дело 

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба, вчера во 04:30 часот, лишиле од слобода малолетник од село Мралино, општина Илинден. Како што информираат од МВР, малолетникот се сомничи дека на 30. 04. 2023 извршил кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница во село Петровец, при што со …

Повеќе »

Левица: Сто и педесет километри марш во чест на Гоце Делчев

На 120 години од загинувањето на најголемиот наш револуционер и татко на македонската нација – Гоце Делчев, Левица по третпат го одржа тридневниот марш во негова чест од 150 километри од Гевгелија до вечното почивалиште на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје, соопштија денеска од партијата. – Како и …

Повеќе »

Од 8 до 20 мај затворање на пругата од Велес до Гевгелија

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради ремонт ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија. Како што информира ЈП ЖРСМ Инфраструктура, во овие денови од месецот, возот број 632 на релација Гевгелија – Скопје од почетна станица Гевгелија ќе тргнува со …

Повеќе »

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети што ќе се одржи утре во Вестминстерската опатија во Лондон.  На крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и …

Повеќе »

„Оставете не во мир“ – мурал на млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија во Градскиот парк

Мурал насловен „Оставете не во мир“ изработен од млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија ќе биде претставен денеска во Градскиот парк во Скопје. Станува збор за проектот „Оставете нè во мир!“ на Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја“ од Тетово во кој се вклучени дваесет …

Повеќе »

Презентација на ИПАРД програмата во Кавадарци

ИПАРД програмата ќе биде презентирана денеска во Кавадарци, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оттаму најавија дека на презентацијата ќе бидат присутни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, градоначалникот Јанчев и претставници на телото со управување на ИПАРД и претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во …

Повеќе »

Во МОН средба со професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството

Инклузивна средба со претставници на академската фела денеска ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука, со учество на универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други. По завршување на средбата, како што најави МОН, ќе бидат соопштени заклучоците, односно …

Повеќе »

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ со лимит до 2.100 денари

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до 2. 100 денари.  Средствата што треба да се вратат кај граѓаните во првото тримесечје се проценуваат на околу 10 милиони евра.  Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера во интервју …

Повеќе »

Сончево со мала облачност, попладне на места нестабилно со повремен пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови, претежно во југоисточните делови, ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 17 …

Повеќе »