Breaking News

ВЕСТИ

Најниски температури утрово во Берово и Лазарополе, највисоки во Скопје – Зајчев Рид и Виница

Најниски температури утрово се измерени во Берово и Лазарополе пет степени Целзиусови, а највисоки 12 во Скопје-Зајчев Рид и Виница. Како што информираа од УХМР, седум степени се измерени во Маврови Анови, осум на Попова Шапка и во Крива Паланка, двет во Битола, Тетово, Охрид и Претор, 10 Скопје-Петровец, Прилеп, …

Повеќе »

Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд и промотор на нашиот космополитски дух

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска синоќа на свеченото отворање на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ нагласила дека оваа манифестација е македонски културен и уметнички бренд, кој го негува и промовира космополитскиот дух на Битола.  – И годинава Малиот битолски Монмартр е средиште каде што младите уметници од земјава …

Повеќе »

Честитка од претседателот на Собранието Џафери за Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј

Од име Собранието на Република Северна Македонија и лично, претседателот Талат Џафери упати честитки по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. – Капиталното дело на светите браќа Кирил и Методиј е бесценето наследство за светската наука и култура. Оваа порака која ја испраќам од …

Повеќе »

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

Државно – црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил.   Во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на …

Повеќе »

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Со повеќе настани под мотото „Писмото е нашиот универзум“ денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила …

Повеќе »

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска и утре одржува седница на чиј дневен ред, меѓу останатите е и расправата и гласањето по Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на ЕП за земјава, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, изработен по извештајот на Европската комисија, во кој се …

Повеќе »

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од …

Повеќе »

Меџити: Конгресот не избра, конгресот треба да не разреши

Пратеникот од ДУИ Изет Меџити вечерва изјави дека тој е потпретседател и член на партијата, и така ќе биде и понатаму. Во емисијата Клик Плус на ТВ 21 Меџити рече дека тој и петмината негови партиски колеги од т. н „огнена група“ не се „самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ. …

Повеќе »

Свечена академија по повод Денот на просветителите во Крива Паланка

Со изведба на државната химна од хорот и оркестарот на Националната установа за народни песни и игри, ансамблот „Танец“, во Крива Паланка беше отворена Свечената академија посветена на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј и Св. Јоаким Крчовски што се одржа во Центарот за култура. На академијата беа доделени признанијата …

Повеќе »

Јанкуловски: Универзитетот не треба да одговори само на актуелните предизвици, туку и на тие што следат

Уште од основањето на Универзитетот па наваму, секогаш определбата на тие кои сиот свој наставно – научен потенцијал го вградуваат во него, е дека Универзитетот не треба да одговори само на потребите и предизвиците во актуелниот миг, туку и да вложи во совладувањето на предизвиците во годините и децениите што …

Повеќе »