Breaking News

ВЕСТИ

Во Белград отворена изложба на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“

Во Галеријата на Педагошкиот музеј во Белград беше отворена изложбата на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“ на уметницата Искра Пенева во рамки на манифестацијата на 13. Денови на македонската култура во Белград „Допирот на Македонија“. Поставката се состои од триесетина фотографии направени во периодот 2011-2014 година на повеќе локции на …

Повеќе »

Нова водоводна мрежа на булeвар „8 Септември“

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Драган Илиевски денеска изврши увид во работните активности на булевар „8 Септември“, каде почна изведбата на новата водоводна мрежа, инвестиција на претпријатието и на Град Скопје. Изведувач на градежните работи се екипи на Град Скопје, а изведувач на монтажните работи е ЈП …

Повеќе »

ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години, најстарото е ТАМ од 1966 година

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Ова се резултатите …

Повеќе »

Петровска на Универзитет во Северна Каролина: Заедничката цел е регионална стабилност и зачувување на меѓународниот поредок заснован на правила

Министерката за одбрана Славјанка Петровска која престојува во повеќедневна посета на САД, ги посети Државниот Универзитет на Северна Каролина и Институтот за безбедносни студии Triangle, соопшто МО.  Министерката Петровска се сретна со проректорката, проф. д-р Хајди Хобс, директорката за глобални партнерства Сара Олсон, и директорот на мастер програмата за меѓународни …

Повеќе »

Изјава за медиуми по средбата во МОН на министерот Шаќири и претседателот на СОНК Неделков

Изјави за медиуми по средбата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската …

Повеќе »

Приведени двајца криумчари на мигранти на патот Удово – Демир Капија  

На регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“ синоќа во 19. 20 часот, полициски службеници  од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода М. С. (22) од тетовското село Желино и А. Џ. (20) од Тетово. Како што денеска соопштија …

Повеќе »

Спасовски: Бонус плата за вработени во МВР за остварени над 150 часа прекувремена работа за 2022 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека денеска се исплаќа бонус плата за вработени во МВР кои оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година. – Откако го преземав раководењето со МВР, како  приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени …

Повеќе »

Промоција на книгата „Што ми остана од тебе” од Ана Љубиќ во Занаетчиски дом – Куманово

Книгата „Што ми остана од тебе“ од авторката Ана Љубиќ ќе биде промовирана вечер во Занаетчискиот дом Куманово во 19:30 часот. Љубиќ е студент на Филолошкиот факултет, на Катедрата за македонска книжевност и култура. Таа пишува од своите детски денови песнички за деца кои прераснуваат во поинакви емотивни стихови, кои …

Повеќе »