Breaking News

ВЕСТИ

Џафери – Норлен: Пристапувањето е придобивка за иднината, а не враќање во минатото

Претседателот на Собранието Талат Џафери и делегација составена од пратениците Никола Мицевски, Соња Мираковска и Ремзи Мехмеди, остварија средба со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен,  во рамки на Конференцијата за демократијата во Европа, која што се одржува денеска во Стокхолм. Како што информираат од собраниската прес-лужба, на средбата е …

Повеќе »

Обновена сезонската авиолинија Охрид-Белград

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид попладнево од Белград слета авион на „Ер Србија“ со 57 патници, со  што по пауза од шест години е обновена сезонската авиолинија на оваа релација. „Ер Србија“ ќе лета четири пати неделно од Охрид до Белград, во понеделник, среда, петок и во сабота и …

Повеќе »

Со меѓурегионална работилница за улогата на жените против деградацијата на земјиштето одбележан Светскиот ден на  опустинувањето и сушите

Во Скопје денеска се одржа меѓурегионална тематска работилница, посветена на 17 Јуни – Денот на опустинувањето и сушите (ДДД), во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) и Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето (УНЦЦД). Како што информираат …

Повеќе »

Во Лондон средба Османи-Клеверли, во фокусот британската поддршка и европското досие на државава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Џејмс Клеверли, на која присуствуваше и министерот за Европа, Лео Докерти. Како што соопшти МНР, Османи упати благодарност за значајната улога на Обединетото Кралство во одржување на безбедноста и просперитетот во регионот …

Повеќе »

Жител на Гевгелија мамел жени низ државата барајќи им пари

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – „измама“ од член 247 став 1 во врска со член 45 и кривично дело – „лажно претставување“ од член 391 став 1 од Кривичниот законик, информираат денеска од Обвинителството. – Осомничениот, во временскиот период од 17. …

Повеќе »

Назначени нови членови на Одборот на Обединетата македонска дијаспора

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), глобалната организација што го претставува гласот на Македонците насекаде во светот, ги назначи Софи Иванов, д-р Јован Ласковски и Александар Поповски за членови на нејзиниот Глобален борд, наведува организацијата во денешното соопштение. – Од 2004 година, ОМД е секогаш на првата линија на меѓународното македонско застапување, …

Повеќе »

Управувањето со поплавите и развојот на системите за рано предупредување, во фокусот на меѓународната коференција во Скопје

Поплавите се појава којашто не може да се избегне, токму затоа системот за рано предупредување од поплави е од исклучително значење и тој треба да овозможи навремено информирање на сите луѓе. Од големо значење е и меѓусебната соработка на државите во случаи на поплави, особено кога имаме и меѓугранични, меѓудржавни …

Повеќе »