Breaking News

ВЕСТИ

Најниски температури измерени во Лазарополе, највисоки во Гевгелија и во Дојран

Најниски температури утрово се измерени седум целзиусови степени во Лазарополе и осум на Попова Шапка, највисоки 20 во Гевгелија и во Дојран. Во Маврови Анови и Берово девет степени, 10 Крива Паланка, 11 Крушево и Битола, 12 степени во Претор, 13 степени се измерени во Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Дебар, …

Повеќе »

На ГП Богородица за излез од државата се чека околу еден час

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Богородица за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа утрово од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е …

Повеќе »

Владејачките партии ги реафирмираа ставовите за уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ ја прекина официјалната комуникација со власта

Владејачките СДСМ и Либерално – демократската партија вчера на седници на централните одбори на партиите уште еднаш ги потенцираа своите заложби за носење на уставните измени со цел продолжување на европскиот пат на земјата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, преку изјава на лидерот Христијан Мицкоски објави дека ја прекинува официјалната комуникација со …

Повеќе »

Велосипедска тура низ Конче долга 56 километри

Во рамки на вело-фестот „Авантурите на Конче и Мантово“, денеска ќе се одржи главната велосипедска тура во должина од 56 километри. Учесниците ќе имаат можност прв пат да возат по маркирани патеки низ природните предели на општината Конче. Се очекува на настанот да има над 200 велосипедисти. Вело-фестот почна вчера, …

Повеќе »

Сончево и топло, до 34 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 9 до 19, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен …

Повеќе »

Камбовски за случајот Јанакиески: Судот во изречената казна затвор мора да го засмета и дотогаш одредениот притвор

Со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење, вели во изјавата за МКД.мк академикот Владо Камбовски, професор по кривично право, за случајот со затворската казна за Миле Јанакиески во случајот Титаник. …

Повеќе »

Ковачевски: Сега треба да се донесе одлуката да продолжиме по европскиот пат

Сега треба да се донесе одлуката да продолжиме по европскиот пат и заеднички да ја обезбедиме европската иднина на граѓаните, на вас, младите. Трасираниот пат до ЕУ, иако нема да е лесен, мора да се изоди. Мораме да им овозможиме на нашите граѓани, на вас младите, на идните генерации да …

Повеќе »

ЦО на ЛДП: Остануваме на патот кон интеграцијата во ЕУ, поддршка за уставните измени

Остануваме на патот кон интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија, но со силни заложби за владеење нa правото и реформа на правосудниот систем, беше заклучокот од денешната трета седница на Централниот одбор на Либерално-Демократската партија. Како што изјави претседателката на ЛДП Моника Зајкова, поддршката за уставни измени значи поддршка …

Повеќе »

ЦО на СДСМ: Сите релевантни парламентарни партии и пратеници кои иднината на земјата ја гледаат во ЕУ треба да ги поддржат уставните измени

Централниот одбор на СДСМ денеска одржал онлајн седница на која се донесени неколку заклучоци. Меѓудругото се оценува дека скрининг процесот во рамки на преговорите со ЕУ се одвива добро и наскоро ќе финишира успешно. Владата предводена од СДСМ, заедно со коалициските партии, како што се потенцира, останува посветена на реформите …

Повеќе »