Breaking News

ВЕСТИ

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу 30 минути

 Поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу 30 минути, соопшти АМСМ.  На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. …

Повеќе »

Приведени 21 лица за нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот меѓу ФК „Шкупи“ и „Левски“

Вкупно 19 лица се приведени вчера поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкупи“ од Скопје и ФК „Левски“ од Софија.  Како што соопшти МВР, 19 приведени биле навивачи од Република Бугарија. Од нив, осум лица се приведени за …

Повеќе »

Ноември краен рок за носење на уставните измени, во спротивно самоблокада

Пленарната седница за уставните измени е закажана за 18 август. Дебатата, согласно Деловникот, може да трае десет работни дена, но гласањето не мора да се одржи по исцрпување на листата на говорници. За да се гласа, Собранието мора да го има потребното мнозинство. Според претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема …

Повеќе »

Судскиот Совет донесе одлука за избор на нов член на местото на Георгиев

Судскиот совет на денешната, 451 sедница донесе одлука за распишување оглас за избор на еден член на Советот од редот на судиите на Врховен суд. Одлуката следува по оставката на врховниот судија Наќе Георгиев, кој се повлече од функцијата непосредно пред потпишувањето на свечената изјава во Собранието на Северна Македонија …

Повеќе »

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години вршеше притисоци врз новинари и медиуми

Што знае режимската ДПМНЕ што се медиумски слободи и права и затоа е последна повикана да зборува за оваа тема. Сите многу добро знаат како ДПМНЕ се однесуваше кон медиумите и новинарите во време на 11 годишниот режим. Упади во телевизии, апсења, затворање и тепање на новинари и медиумски работници, …

Повеќе »

Ковачевски: Вреди да се биде на европскиот пат, пристапувањето во ЕУ носи европски стандарди за граѓаните, компаниите и државата

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на седницата за пратенички прашања во Собранието посочи на придобивките од евроинтеграцискиот пат на државата, на значењето да се продолжи по европскиот пат, за придобивките од полноправното членство во ЕУ. Ги нагласи и значењето на проевропската Влада за граѓаните и претстојната државничка одлука за европските перспективи …

Повеќе »

Народна банка: Парите на граѓаните на сметките во банките се безбедни и достапни во секој момент

Паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент, соопшти попладнево Народната банка по информациите дека недостапни се услугите со платежните картички Виза и Мастеркард.  – Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација,  Народната банка ја информира јавноста дека …

Повеќе »

МБА: Картичките VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија

Членките на Македонската банкарска асоцијација информираат дека во моментот дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија. Од Македонската банкарска асоцијација соопштија дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. -Членките на Македонската …

Повеќе »

Ковачевски: Загарантиран растот на платите во јавниот сектор, нема повеќе политички калкулации со граѓаните

За првпат после 15 години заеднички на иста маса се синдикатите и претставниците на Владата и сите други засегнати страни, постигнаа договор што обезбедува долгорочно одржливо решение. Ова решение нема да зависи веќе никогаш од добрата волја на политичарите, на политичките партии, ниту сега ниту во иднина со оглед на …

Повеќе »

Шеесетгодишнина од скопскиот земјотрес во 1963 година: Дигитализираната изложба „Подемот и падот на Скопје“ се емитува вечер во Кинотека

 Во Кинотеката на РС Македонија се одржува дигитализираната изложба на Државниот архив со наслов „Подемот и падот на Скопје“ по повод 60-годишнината од трагичниот земјотрес во 1963 година. Изложбата ќе трае три дена, почнувајќи од денеска, во 20:00 часот. Влезот е бесплатен. . Извор: МИА

Повеќе »