Breaking News

ВЕСТИ

СДСМ поднесе Декларација за Илинден и ги повика сите пратеници да ја поддржат

СДСМ денеска до Собранието поднесе Декларација за Илинден – најголемиот македонски државен празник. Очекуваме оваа Декларација наскоро да се најде пред пратениците и повикуваме секој пратеник без разлика од која партија доаѓа, да ја поддржи и таа да биде усвоена од македонското Собрание, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко …

Повеќе »

Солистички концерт на Даница Стојанова во „Спомен куќа на Тодор Проески“

Во НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ во Крушево вечер македонската пијанистка Даница Стојанова ќе одржи солистички концерт.  Пијанистката ќе изведе дела од Ерик Сати, Фредерик Шопен и Томислав Зографски.  -Многу се радувам што овој концерт ќе се реализира и тоа во просторот кој што има посебна енергија и го …

Повеќе »

Промоција на книгата „Од архивата на македонското литературно друштво Глигор Прличев“

Во МАНУ денеска ќе се одржи промоција на книгата „Од архивата на македонското литературно друштво Глигор Прличев“ од авторот Иван Трповски. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Елка Улчар, професор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, а воведно обраќање ќе има академикот проф. д-р Љупчо Коцарев. …

Повеќе »

Двајца повредени откако „БМВ“ се преврте на покрив на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово

 Две лица се повредени вчера во Тетово откако возилото марка „БМВ“, со кое се возеле, се превртело на покривот. Настанот се случил околу 19 часот на булеварот „Маршал Тито“.  – Во Тетово, во близина на Културен дом, патничко возило „БМВ со тетовски регистерски таблици управувано од лицето Л. Ш. (18) …

Повеќе »

Презентација на студија на МОСТ – „Една година од руската агресија врз Украина“

Во „Europe House“ денеска Граѓанската асоцијација МОСТ ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана студијата „Една година од руската агресија врз Украина – студија за руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна Македонија“. Како што информираат од МОСТ, студијата ќе биде презентирана од страна на менаџерот и главен уредник …

Повеќе »

Дел од скопската населба Тафталиџе без вода

Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Виенска“ и „Ташкентска“ во населбата Тафталиџе, Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради  уличен дефект ф-100мм на ул. „Варшавска“ бр. 1. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните …

Повеќе »

Министерот Лога ќе присуствува на штандовите за бесплатна правна помош во Гевгелија и Валандово

Министерот за правда Кренар Лога денеска ќе присуствува на поставените штандови за бесплатна правна помош во Гевгелија и во Валандово. Како што информираат од Министерството за правда, Лога ќе даде изјава и ќе одговори само на прашања поврзани со настанот поради, како што велат, тематскиот карактер и важноста на настанот. …

Повеќе »

Законите за даночна реформа пред членовите на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се два од трите закони за даночна реформа, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце. Станува збор за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и  Предлогот …

Повеќе »

Одбележување на Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули, денеска ќе бидат претставени најзначајните активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.  Во одбележувањето на 28 Јули вклучени се Министерството за здравство, здружението „Хепар Центар“ – Битола, Универзитетските клиники за …

Повеќе »

Финансиски средства од заем од ЕИБ ќе бидат распределени на општини за подобрување на водната инфраструктура

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска ќе одржи прес-конференција за распределба на средства на општини од заемот од ЕИБ за подобрување на водната инфраструктура. Прес-конференцијата ќе се одржи во Владата. мд/Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »