ВЕСТИ

Османи по изјавата на Вучевиќ: Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија

Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството. Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Србија и Косово, објави на Фејсбук профилот шефот на дипломатијата Бујар Османи, реагирајќи на изјавата на српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, кој вчера изјави дека „Северна Македонија …

Повеќе »

Рама: Заканите по стабилноста во Северна Македонија и Црна Гора опасни и неприфатливи

Албанскиот премиер Еди Рама, реагираше по изјавата на министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, во врска со Северна Македонија и Црна Гора, оценувајќи при тоа дека „заканите по стабилноста на двете соседни земји се неприфатливи и многу опасни“, јавија албанските медиуми. Рама ги нарекува „многу опасни“ и „неприфатливи“ изјавите …

Повеќе »

ССНМ бара стриктна примена на Казнениот законик за напаѓачот врз екипата на Алсат М

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро го осудува денешниот напад врз телевизиската екипа на Алсат М додека снимала во Старата чаршија во Скопје. Нападот врз две новинарки и снимателот од Алсат М додека извршувале работна задача ССНМ го смета за напад и закана врз сите новинари и медиумски …

Повеќе »

Изгаснат пожарот во близина на езерото Мантово

Изгаснат е пожарот меѓу вештачкото езеро Мантово и местото викано 20 километар на регионалниот пат Штип-Радовиш, информираше портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски.  Гаснењето на пожарот се одвиваше околу шест часа, а беа зафатени од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и квалитетна густа шума кон …

Повеќе »

Изгаснат пожарот во близина на езерото Мантово

Изгаснат е пожарот меѓу вештачкото езеро Мантово и местото викано 20 километар на регионалниот пат Штип-Радовиш, информираше портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски.  Гаснењето на пожарот се одвиваше околу шест часа, а беа зафатени од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и квалитетна густа шума кон …

Повеќе »

ЗНМ ја поздравува брзата реакција на МВР за приведување на напаѓачот на новинарската екипа на ТВ Алсат 

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи (МВР) за приведување на напаѓачот на новинарската екипа на ТВ Алсат денеска во Скопската стара чаршија. Укажуваме дека постапката треба да продолжи во Основното јавно обвинителство (ОЈО) и според новите измени на Кривичниот законик од …

Повеќе »

Ковачевски – Фон дер Лајен: Силна поддршка од ЕУ за европската интеграција, да не се пропушти единствената шанса

Најновиот развој на настаните во контекст на отпочнувањето на процесот на уставни измени, за кои земјата ја има поддршката на ЕУ со цел продолжување на процесот на европска интеграција, беше тема на разговор на денешната средба во Атина меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер …

Повеќе »

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот на Собранието да не го злоупотребува деловникот, потребни предвремени парламентарни избори

Првиот заклучок на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е поддршка за сплотеноста на пратеничката група на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои се против уставните измени, а втората тема на која разговаравме е апел до претседателот на Собранието да не го злоупотребува деловникот. Третиот заклучок е дека за излезот од …

Повеќе »

Спасовски: Не смееме да ја доведеме државата во услови на изолација

– Државата не смееме да ја доведеме во услови на изолација токму сега кога е вистинскиот момент и кога заради моменталните гео-стратешки политики можеме да ја искористиме шансата и да имаме забрзување на евроинтеграциските процеси на државата и на целиот регион. Најважно е да имаме опција која може да ја …

Повеќе »

Пожар во близина на езерото Мантово, вклучен и полицискиот хеликоптер (ДПЛ)

Гори сува трева, грмушки но и квалитетна шума кон штипското село Пиперово. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека огнените јазици имаат зафатено од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и нискостебелсти растенија. Поради непристапниот терен во квалитетната шума активиран е хеликоптер на МВР кој …

Повеќе »