Breaking News

ВЕСТИ

Герасимовски: Две години фокусирани на реалните потреби на жителите

Инвестиции во современо и инклузивно образование, нови паркинг места, енергетска ефикасност, инфраструктура, развој на културата и спортот, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави отчетот за сработеното во изминатите две години. Тој на прес конференција посочи дека од почетокот на мандатот општината е фокусирана и посветено работи на реалните …

Повеќе »

Градоначалничката Арсовска во средното училиште „Боро Петрушевски“ го промовираше новиот образовен профил за техничари

Градоначалничката Данела Арсовска во средното училиште на Град Скопје „Боро Петрушевски“ го промовираше новиот образовен профил за техничари за возила на алтернативен погон. Новиот образовен профил се воведува за прв пат од оваа учебна година во паралелки со вкупно 50 ученици. . Извор: МИА

Повеќе »

Доновска-Гечева: Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги

Преку информативен документ за надоместоците за платежни услуги, со податоци во стандардизирана форма, банките и штедилниците, односно сите даватели на платежните услуги, се должни да ги информираат граѓаните за трошоците што им ги наплаќаат, појаснува Биљана Доновска-Гечева од Дирекцијата за платни системи при Народната банка.  Доновска-Гечева, како што соопшти Народната …

Повеќе »

Промовирана дебитанската книга  „Прости песни [на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе]“ од Александра Спасеска

Во Европската куќа на млади во Велес синоќа беше  промовирана дебитантската стихозбирка „Прости песни [на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе]“ од Александра Спасеска, во издание на ПНВ Публикации. Корицата е на Марија Конеска, а дизајнот на корицата е на Борјан Исајловски, а фотографиите се на Ерина Богоева.  Промоцијата …

Повеќе »

Маричиќ – Фабрици: Италија и Северна Македонија делат заедничка визија за стабилност, безбедност и раст на регионот

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ одржа средба со Сем Фабрици, специјалниот претставник на комисијата за промоција на Expo 2030 во Рим, дипломатот од италијанското Министерство за надворешни работи и амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија, Андреа Силвестри. Како што информираа од СЕП, на средбата во фокус биле силната …

Повеќе »

Со Буџетот за 2024 година нема да има повисоки плати за функционерите

Со новиот Буџет, за 2024 година, што веќе се креира и е во завршна фаза, нема да има средства за повисоки плати на функционерите, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според Битиќи, избраните и именуваните функционери нема да се откажат од покачувањето на платите за 10 отсто, туку …

Повеќе »

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 6,1 отсто

Цените на угостителските услуги во октомври годинава во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6. 1 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативно, за периодот јануари – октомври 2023 година, споредено со истиот период од 2022, цените се повисоки за 10. 5 %, додека во однос на декември …

Повеќе »

Онкологија: Обвинувањата од Мицкоски се неосновани и погрешни, не станува збор за никакво ново откритие или скандал

Апсолутно не станува збор за никакво ново откритие или скандал кој беше објавен од страна на Христијан Мицкоски. Наводите и документите кои беа објавени се дел од документацијата која уште од почетокот на истрагата е предадена на сите истражни органи. Истата документација е во целост предадена и на Анкетната комисија, …

Повеќе »

ЦУК: Во последното деноноќие два пожарa на отворено кај селата Лажани и Доброшинци

Изминатото деноноќие имало два пожари на оворено и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови во Општина Битола, кај село Лажани каде што горела ниска вегетација и во Општина Василево, кај село Доброшинци каде што горело стрниште, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Според последниот извештај за работата …

Повеќе »

Тројца македонски државјани, татко и две деца, безбедно ја напуштија Газа, упатени се кон Каиро

Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија, соопштија од македонското Министерство за …

Повеќе »