Breaking News

ВЕСТИ

Европски сојуз за променa: Артан Груби за 4 години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино

Сиромаштијата секојдневно се зголемува, криминалот и корупцијата цветаат, образованието се распаѓа, но бројот на казина се зголемува. Ова е дволичната политика на Артан Груби и ДУИ на Али Ахмети. . Извор: МИА

Повеќе »

Во Велешко драстично намален криволовот, се намалува и бројот на спортски риболовци

Криволов на велешкиот риболовен ревир „Вардар 4“ и езеро „Младост“ има, но тој во последниве пет-шест години е драстично намален, па и десетпати помалку. Лани се фатени 20 мрежи во криволов, но не и нивните сопственици, па нема кривични пријави. Последните години риболовците се одлично екипирани со мобилни телефони и …

Повеќе »

Зголемување на бројот на заболени од грип, Комисијата за заразни болести со препораки

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести.  Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има …

Повеќе »

Потпишан договор за изградба на Ресурсен центар за повратници и лица во ризик во Шуто Оризари

Во Општина Шуто Оризари, во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и градоначалникот Курто Дудуш, денеска беше потпишан договор за реализација на проект за изградба на Ресурсен центар за повратници и лица во ризик во Општина Шуто Оризари. Премиерот …

Повеќе »

Таравари оствари средба со амбасадорот на Чешка Јарослав Лудва

Градоначалникот на општина Гостивар и претседател на Алијанса за албанците Арбен Таравари оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, неговата екселенција, Јарослав Лудва при неговата посета на Гостивар. Од службата за информирање на АА, посочија дека на средбата претседателот Таравари и амбасадорот Лудва разговарале за, како што наведоа во соопштението, …

Повеќе »

Кабинет на претседателот: Пендаровски нема преземено обврска да преговара со Грција

Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со личните документи и патните исправи. Во однос на комуникацијата со Грција, може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата по денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека „претседателот на …

Повеќе »

Ковачевски: ДКСК доставила документација за директорот на Агенција за филм, но таа треба да биде дополнета

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) доставила документација до Владата и до Министерството за култура во врска со директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски и сите тие документи се проследени до надлежните институции. Но, како што рече, истата треба да биде дополнета бидејќи …

Повеќе »

Предлог на законот за изменување на Законот за спорт го помина комисискиот филтер

Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт на денешната седница дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка предложен од Владата. Како што стои во образложението, Предлог измените на Законот за спорт се однесуваат на обезбедување на финансиски поттикнувања по основ …

Повеќе »

ЕСЧП утврди прекршување на правата од член 5, став 3 и 4 од Конвенцијата на Спиро Ристовски и Митко Пешов

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур утврди прекршување на правата од член 5, став 3 и 4 од Европска конвенција за заштита на човековите права во случајот „Пешов и Ристовски вс. Северна Македонија“, кој се однесува на наводно недоволно образложение во судските одлуки со кои се определува притвор …

Повеќе »

Помош од ТИРЗ и ИФЦ за домашните компании, за нивно инвестирање во зоните и ангажирање како добавувачи кај странските фирми

Домашни средни и големи компании имаат можност да ги засилат своите извозни капацитети, да станат поконкурентни, но и значително да ги подобрат перформансите за да бидат ангажирани како добавувачи од странските инвеститори во зоните. За тоа ќе добијат помош во вид на советодавни услуги од реномирани експерти, како и од …

Повеќе »