Breaking News

ВЕСТИ

Најстудено утрово во Берово

Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Берово. Следат Попова Шапка со -4 степени, -2 Крива Паланка, Струмица, Маврови Анови, -1 Штип, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Крушево, 1 Битола, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Куманово, Претор и 3 степени во Кавадарци и во Велес. На …

Повеќе »

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет

– Од денеска до четврток ќе се држи 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Темата на овогодинешната Меѓународна недела е „Вештачката интелигенција во хуманистичките и општествените науки“.  Во рамки на настанот ќе биде одиграна и претстава – „Бикот на Фаларис“, монодрама напишана …

Повеќе »

Законот за забрана на нефер трговски практики пред Комисијата за европски прашања

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еверопски прашања, на која на дневен ред, меѓу другите, е Предлог на закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, во прво читање.  Пратениците ќе ја разгледуваат потребата за носење на Предлог на закон …

Повеќе »

Велковски во посета на „Ранка Милановиќ“

– Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска ќе го посети поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинки „Ранка Милановиќ“. Целта на посетата, како што се посочува во најавата од МТСП, е министерот да се запознае со катастрофалната сосотојба во која се наоѓа …

Повеќе »

Одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР

– Денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи. Настанот ќе се одржи пред објектот на Одделот за заштита на определени личности и објекти. Предвидено е  официјални обраќања да имаат министерот за внатрешни …

Повеќе »

Обука за одржлива техничка помош за африканска свинска чума

 Четиридневна обука „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија“ денеска почнува во Скопје. На отворањето на обуката во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со поддршка на Европската комисија, Директорат за здравје и безбедност на храна ќе се обрати директорот на АХВ …

Повеќе »

Митрески и координаторите ќе се договараат за седница за избор на член на ДИК

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска ќе одржи редовна понеделничка координација со првите луѓе на пратеничките групи на која се очекува да биде договорено кога ќе се одржи пленарната седница за  избор на седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК).  Абдуш Демири, кој е предлог на партиите од Европскиот блок …

Повеќе »

Џафери во посета на Универзитетот Тетово и Студентскиот дом Тетово

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе ги посети Универзитетот Тетово и Студентскиот дом Тетово.  По обиколката на Студентскиот дом Тетово Џафери ќе даде изјава за медиумите. вј/вгФото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт до 2026-та година ќе биде завршен автопатот Кичево – Охрид 

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која што се одржа во Другово, општина Кичево, вети дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид, како и неколку експресните патишта. …

Повеќе »

ЛДП: Нападот врз полициски службеник е напад врз државата

СООПШТЕНИЕ – Најостро го осудуваме насилството како појава во општеството бидејќи ги загрозува основните човекови права, особено е загрижувачки кога се случува меѓу полициски службеници, бидејќи нападот врз полицаец е сериозен напад врз државата, се вели во реакцијата на Либерално демократската партија.   . Извор: МИА

Повеќе »